Радио Кочани
Кочани

Борчо Коцев – Безбедноста во сообраќајот на сите учесници, граѓани и посетители во општина Зрновци е во фокусот на нашето внимание…

1,641
Сверни сообраќајни огледала на петте најкритични места, регулатори на брзина на движење како и сообраќајни знаци согласно режимот на сообраќај за улица “Генерал Апостолски” во Зрновци поставени во текот на вчерашниот ден  .
Општина Зрновци иако најмала во регионот е општина која што е најпосетена, особено во летниот период, заради својата уреденост, природна свежина и прекрасните угостителски локали покрај Зрновска река.
Парк и плоштад кој што е полн со дечиња во вечерните часови, а огромен број на пешаци се движат по уредените улици и тротоари покрај самиот кеј на река Зрновка.
Заради нивна безбедност и несакани настани предизвикани од моторни возила воспоставен е сообраќаен режим на улицата “Генерал Апостолски” која што се протега од плоштад Св. Димитрија до мост кај Соколана, односно согласно сообраќаен проект, позитивно мислење од СВР Штип и решение од Градоначалникот на општина Зрновци, споменатата улица во месеците за време на летниот распуст на учениците, Јуни, Јули и Август во период од 17:00 до 05:00 часот е затворена за сообраќај за моторни возила.
Апелирам и повикувам на почитување на режимот за сообраќај, како би сите заедно учествуваме во зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Изјави за Радио Кочни градоначалникот Борчо Коцев.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio