Радио Кочани
Кочани

Успешно завршена турнеја на ФА „Љупчо Сантов“ во Босна и Херцеговина

417

Фолклористите од Оризари од 6ти до 11ти јули  ja завршија турнеата  во Босна и Херцеговина.

На покана од долгодишните пријатели од Младинскиот културен центар Босна Арт од Стјепан Поље, Грачаница кои беа организатори на Х-та Интернационална фолклорна смотра. Ансамблот имаше настап и на Фолклорна смотра Добој 2023 која се одржа на тврдината во Добој.

Делегацијата од Ансамблот имаше и прием кај градоначалникот на општина Грачаница и претседателот на месна заедница Стјепан Поље.

Слободното време беше искористено со посета на знаменитости во Грачаница со локален водич (саат кула, медреса, босанска традиционала куќа, термални извори).

Заедоно со домаќните од Стјепан Поље неделата беше искористена за прошетка во Тузла и капање во вештачките солени Панонски езера во центарот на Тузла, кои тој ден беа посетени со над 20000 посетители.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio