Радио Кочани
Кочани

Измамници го решетаат Кочани

10,544

Измамници го решетаат Кочани. Никој не ги видел, се јавуваат телефонски во нечие име, бараат услуги, со финта изнудуваат пари и потоа телефонскиот број не постои. Едноставно ги снемува и им се брише секаква трага. Ни се јави една наша сограѓанка, драга пријателка со свој допис, каде многу совесно, во интерес на заедницата соопштува факти со предупредување до сите нас, како не би влетале во таа разработена измамничка шема. Сакам да споделам дека измамници имаат разработено шема како да дојдат до ситни па и покрупнни пари. Јас не сум измамена но се обидоа. Имено станува збор за луѓе кои се јавуваат на фирми, компании. Конкретно ке посочам една ситуација. Се јавуваат во една градежна фирма и бараат блокови да им се достават до адреса и бараат да се плати на с-ка. Газдата на фирмата им вели јас прв пат ве слушам вас по тел и не можам да ви дададам на фактура. Може на про ф-ра. Добро ке платиме така. Ќе може ли да ми пратите тековна состојба …да да секако …му праќа некоја тековна состојба со валидна регистрирана фирма ама после 2 мин се предомислува …може ли палетите да .и ги доставите и да ги платам во кеш…да секако може…и почнуваат вработените да го товараат камионот и пред појдувањје дотичниот звони и вели вака …може ли да ми.направите една услуга …имаме мајстори кај хотел Национал секако поминувате наваму може ли да му оставите на вработениот 8.000 ден кога ке стигнете овде ке ви ги дадам. Во таков момент газдата се сложува и вели не е проблем ке завршам работа …иде возилото пред национал го чека мајстор со.капче. Застанува шоферот и вели на вас ли треба да се дадат парите? Да да …ок повелете ….тргнува возилото и попат звони дека веке е во близина на адресата. Лицето не се јавува односно го гаси телефонот …. Кога ке го отворите бројот на вибер секогаш имаат групна слика не дека на сликата е еден од нив Секогаш играат на таа карта дека успат може ли да ми направите услуга да им дадете пари на тој и тој за тоа и тоа а кога ке стигнете овде јас ке ви ги дадам. Никогас не одат во фирма да се договараат бидејќи.ке бидат фатени на камера, туку секогаш се се договара телефонски. Тоа е една од 3-те случки сто ги знам. Поентата ми е да се спречи, уште некој да не биде измамен на ваков начин… Споделувајте го постот за да се информира јавноста – се вели во дописот. Радио Кочани успеа да се поврзи со колегите од А1оn кои пред извесен период пишуваа за слична ваква шема во Скопје. Еве делови и од нивното истражување… Дејан, доктор Дејан, Дејан Николовски. Ова се само дел од идентитетите на лицето кое измами десетици угостители во Скопје. Закажува лажни прослави, нарачува скапи пијалаци и го снемува, бара да изнајми маси и столици од Скопје за во други градови кои наместо за прослава, завршуваат на адреси кај луѓе на кои никогаш не им требало таква услуга. Овие случаи се само дел од оние за кои дозна „А1он“, а се случувале изминатиот период. Засега мистериозниот човек, за кои угостители сведочат дека звучел сериозно, како зрел маж, а барал услуги за примамлив број на луѓе, има разработена шема како освен да ги измами со лажни прослави, од нив да изнуди и пари. Лицето кое се претставило како доктор Дејан Николовски, се јавил во еден кетеринг сервис во Скопје. Нарачал услуга за 90 лица, за кои кажал дека треба да гледаат фудбал во кругот на Марков Манастир. Му било побарано однапред да плати за услугата преку уплата на сметка, а измамникот кажал дека е сабота и поради фактот што банките се затворени, не може да го направи тоа и сакал да плати во готово. Тоа му било овозможено. И тука почнала сагата со нарачката на пијалаци и тоа скапи шишиња шампањ. Кога доставувачот на пијалаци тргнал да му доставува роба, бил контактиран од измамникот кој се претставил како Дејан. Од него имало молба, пред да се упати кон Марков Манастир, во центарот на Скопје да остави околу 200 евра кај лице кое наводно требало да се погрижи за декорацијата на забавата. Доставувачот, добил уверување дека штом го достави пијалакот, ќе му биле платено, а со тоа и вратени 200-те евра. Парите биле оставени во Аеродром, во близина на Тобако. Ги земал возрасен човек. По ова Доставувачот тргнал кон Марков Манастир, а кога го побарал измамникот за да му посочи каде точно треба да застане – бројот веќе бил недостапен. Тука тој сфатил дека станува збор за измама. „Лик се јавува по ресторани и кафани, се претставува како доктор и резервира локали за над 40 луѓе кажувајќи дека е за мекици, а потоа воопшто не се појавува и ги остава локалите во загуба. Вчера се случи во два локала, дечкото закажа мекици во исто време во различни локали и не се појави! Едниот локал целиот беше затворен очекувајќи 40+ луѓе, а другиот викна дополнителен персонал очекувајќи исто што и првиот! Поентата никој не ја разбира, но сите кои се занимавате со овој бизнис, барајте си капар и не верувајте на никој!“ Голема сличност има во приказните од Скопје и Кочани. Бидете внимателни и не наседнувајте на телефонски разговори со непознати лица кои се добро организирани да ви ги одземат парите, доколку не сте информирани!

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio