Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Младиот Александар Јановски од село Митрашинци (беровско), пред 5 години на 23 годишна возраст започнал со одгледување на 5 свињи во планина.
Денеска располага со сопствена фарма од околу 200 расни грла за тов и 15 тина маторици за сопствен подмладок.
Утрово во Кочани ( Стришани ) на улица „Димитар Влахов“ бр. (49) отвори и сопствена месарница со брендот „Малеш“ како би им го доближил на потрошувачите здравото и вкусно месо од домашно производство.