Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во тек се градежни работи за санација на асфалтни површини и за реконструкција на тротоари
На улиците „Шукри Шаин“, „Митко Беќарски“ и „Партизанска“ во Кочани се одвиваат работи за крпење на прекопи и оштетени асфалтни површини со топла асфалтна маса. Изведувачот на работите „Коле транс“ работи на санирање на површина од 1600 м2. Според склучениот договор по јавна набавка и планот за реализација на овие градежни работи, со топла асфалтна маса ќе бидат покриени прекопи уште на педесетина улици во градот.
Во тек е и реконструкција на тротоарите на улиците „Крсте Мисирков“, „Пролетерски бригади“ и „Тодосија Паунов“, на потегот кај Автобуската станица. Започнува и преуредувањето на тротоарот од левата страна на улицата „Кеј на Револуцијата“,од ТТК банка до Старата зграда. За да нема пречки во работењето, надлежните повикуваат паркираните возила да се отстранат од тротоарот.
Привршува изградбата и на собирен канал за атмосферска вода, во непосредна близина на Градскиот стадион, кој ќе ја прифаќа и ќе ја одведува атмосферската вода од улицата „Димитар Влахов“ кон речното корито.