Радио Кочани
Кочани

Градежна експанзија во Мородвис, Видовиште и Зрновци

3,032

Општина Зрновци продолжува со градежна експанзија во трите населени места кои се од витално значање за подобрување на животните услови на сите граѓани. Изградени се таложници и каптажа втора фаза во село Мородвис.

Проект со кој ќе се реши механичкото нарушување на водата за домаќинствата кое се појавува после поројните дождови. Расчистување и партерно уредување со бекатон плочки на просторот пред ОУ Синиша Стоилов во село Мородвис Во Видовиште-изградба на нов доводен цевков фи-125 од зафат на Видовишка река до резервоар за водоснабдување во должина до 1000 метри.

По исталирање на истиот ќе се започне со изградба на дополнителен резервоар за водоснабдување. Со комплетирање на овие градежни активности за трипати се зголемува постоечката количина и динамиката на водоснабдување на домаќинствата во село Видовиште. Во Зрновци – по расчистените банкини на влезовите на општина Зрновци ќе следи тампонирање и валирање на истите, како и изградба на тротоар од влезот на село Зрновци до излезот кон село Мородвис со финансиска вредност од 5,5 милиони денари. Добиен е безбеден простор за сите учесници во сообраќајот и урбано променет ликот на општина Зрновци. Во завршна фаза е исталирање на “Бумбаречка вада”и резервоар за водоснабдување од 60 кубика. Градоначалникот на општина Зрновци Борчо Коцев изразува огромна благодарност до опшествено одговорната фирма БМФ – Зрновци, Марјан Ангелов , за превземените одредени дејствија при реализација на наведените градежни активности. Продолжуваме посветено и одговорно во решавање на децениските проблеми за доброто на сите граѓани. Само така можеме да ја градиме и развиваме општина Зрновци – изјави за Радио Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе