Радио Кочани
Кочани

Aмфенол има потреба од инженер за континуирано подобрување…

2,034

Моментално имаме потреба од 1(едно) ново вработено лице за работно место

 

Инженер за континуирано подобрување

 

Одговорности и задачи:

·         Анализа на процесите и процедурите во компанијата, со посебен осврт на секторите во производниот процес

·         Истражување на недостатоци, прашања и поплаки во тековните процеси во производство и/или одделен сектор

·         Развивање на стратегии за подобрување на процесот и континуирано подобрување на системот за квалитет

·         Идентификација и подобрување на профитабилноста на производството преку подобрување на продуктивност, намалување на отпадот и подобрување на безбедноста

·         Развивање на стратегии за подобрување на процесот со користење на Lean Six-Sigma методологија за подобрување на самите процеси, ефикасноист и квалитет

·         Организирање на состаноци со работни тимови за континуирано подобрување, оптимизирање на процеси, изолирање на производствени проблеми, таргетирање на трендови и намалување на шкарт

·         Соработка со други засегнати страни за подобрување на продуктивноста и задоволството на персоналот

·         Употреба на методологија – „Решавање на проблем“ (Problem solving)

·         Статистичка анализа и следење на проблем и отварање и следење на акциони планови

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование
  • Предност работно искуство
  • Познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на работа со компјутер и статистички методи за обработка на податоци (MS office)
  • Флексибилност во поглед на работното време и работа од дома
  • Одлични комуникациски вештини и способност за работа под притисок

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 25.05.2023 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Инженер за континуирано подобрување.

 

Напомена:

  • Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
  • Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе