Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Земјените насипи кои ја загрозуваат безбедноста на патниот правец Зрновци-Виница стануваат минато, велат од Општина Зрновци.
„Од денес започнуваме со нивно отстранување и уредување на банкините со што ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот на овој патен правец“, наведува градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.