Радио Кочани
Кочани

ФА „Љупчо Сантов“  од Оризари  успешно го презентираа изворниот фолклор и традиционалните јадења од овој крај…

1,653

Денескa во емисијата „Качамак“ која се емитува секоја сабота и недела на една од националните телевизии , Фолклористите од  ФА„Љупчо Сантов“  Оризари  успешно го презентираа изворниот фолклор од кочанскиот регион со ората: „Моми одат по оризарско поле“, „Рада пере“ и „На три пати“.

Потоа имаа и презентација на  традиционалните јадења специфични за нашиот крај како што се зелник, погача, боденик, бакардан со клиски, оризник со копан, сарма, баклава, алва, сутлијаш, сутлијаш со пудинг и  парена торта, кои се  направени од вештите раце на  неколку жени-мајки на членовите на Ансамблот од Оризари .

Д.Михајлов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio