Радио Кочани
Кочани

ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани со проект од Еразмус+ програмата „Музички балкански воз за мир“

348

ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани со проект од Еразмус+ програмата „Музички балкански воз за мир“

Во периодот од 5 до 7 април 2023 година, во градот Пазарџик, Р.Бугарија, беше организиран првиот партнерски состанок на проектот „Музички балкански воз за мир“ од Еразмус+ програмата. Прв ЕРАЗМУС проект за ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани.
Партнери во овој проект се НВО и училишта од  Македонија, Бугарија и Грција и тоа:
• ООМУ Ристо Јуруков Кочани и НВО Здружение за поддршка на економскиот развој – Локална акциона група – Кочани, РС Македонија
• Здружението „Центар за одржливост и економски развој“ (водечки партнер во проектот)
и СОУ „Димитар Гачев“ од Пазарџик, Р.Бугарија
• НВО Алтернативен иновативен развој (AID) и Музичкото училиште од Лариса, Грција
На состанокот беа презентирани сите партнери, како и претстојните активности поврзани со проектот.
Главната цел на проектот е да ги запознае учениците од три училишта и нивните наставници со улогата што музиката може да ја игра во зајакнувањето на светскиот мир и да развие чувство на благосостојба кај учениците, нивните наставници и воопшто училишната средина. Проектот е со времетраење од 24 месеци, почнувајќи од крајот на 2022 година.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio