Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
РКЕ – Поскапување на горивата од полноќ
Дизелот и 98-ката поскапи за два денари!
Во проценти изразено поскапувањето кое ќе важи од полноќ е симболично. Само 2,06%, но во пари тоа изгледа сосема поинаку. Од утре, цените на Еуродизелот и Еуросупер 98 се зголемуваат за два денари по литар, додека Еуросупер 95 ќе се продава за 1,50 денари повеќе. Најголемата малопродажна цена, од 11. април, на бензинските пумпи ќе биде следната: ЕУРОСУПЕР БС–95 84,50 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС–98 87,00 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) 74,00 ден/лит.