Радио Кочани
Кочани

Повик за членови на одборот на младинска банка за општина Кочани

323

Со поддршка од германската фондација Шилер Хелфен Лебен, младите од Кочани оваа година повтoрно можат да се вклучат во реализацијата на проектот Младински локални банки.

Младинските банки претставуваат иновативен модел и програма за создавање грантови преку кои се овозможува финансирање на локални проекти од неформални групи млади со цел да се унапреди заедницата. Младите ќе имаат можност да ги реализираат своите идеи за поквалитетен живот во заедниците користејќи неповратни средства за проекти.

Првиот чекор од започнувањето на програмата е формирање на Одбор на младинските банки во општините.

Со овој повик се покануваат сите млади што живеат на територија на општина Кочани да аплицираат за членство во Одборот на младинската банка. Начинот на аплицирање е со пополнување на апликациска форма којашто се наоѓа на овој линк, најдоцна до 7 април 2023 година.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio