Радио Кочани
Кочани

Уапсен кочански дилер – Дрогата ја криел во мешалка за бетон…

6,870

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во семејна куќа во Виница, во сопственост на неговиот дедо, осомничениот кочанчанец држел наркотична дрога марихуана и психотропна супстанца метамфетамин.

Најголемиот дел од дрогата ја криел во барабанот на мешалка за бетон поставена пред влезната врата во подрумските простории на куќата. Во неколку наврати  дрогата неовластено им ја продавал на зависници од Виница.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе