Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
При посетата на Општина Цетиње, историската престолнина на Република Црна Гора, остваривме работна средба со заменик Градоначалникот, господин Милош Мудреша.
На состанокот разменивме искуства идеи и планови за идни соработки.
Воедно договоривме започнување постапка за Меморандум за соработка и збратимување на општина Зрновци со Престолнина Цетиње.
За целосната организација им се заблагодарувам на госпоѓа Будимирка Џуканович – Национален координатор во Министерство за труд и социјална политика на Република Црна Гора.
Продолжуваме посветено да ја претставуваме општина Зрновци со своите белези, потенцијали и планови за развивање надвор од границите на
Република Македонија изјави за Радио Кочани градоначалникот на Општина Зрновци Борчо Коцев
Може ќе ви се допадне