Радио Кочани
Кочани

Нова мерка за поддршка на откупувачите и преработувачи на бел ориз за најлонска и хартиена амбалажа за поголем извоз и нови пазари

1,095

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посети компанијата Левидиагро од Кочани, од каде извести за новата мерка од Програмата за рурален развој, со која им помагаме на откупувачите и преработувачи на бел ориз да го зголемат извозот и да ги намалат трошоците за амбалажа.

„Поддршката за оваа мерка изнесува 2,5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 500 грама, односно 5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 1 килограм.

За пакување во хартиена амбалажа до 1 килограм бел ориз поддршката изнесува 10 денари по пакување. Со новата Програма за рурален развој овозможивме нова мерка, која ја ставаме на располагање за откупувачите и преработувачи на бел ориз со што директно го помагаме извозот и отвораме нови пазари каде ќе биде пласиран и продаван нашиот македонски ориз” изјави министерот Николовски.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio