Радио Кочани
Кочани

Општина Зрновци го потпиша договорот за изградба на каскади и канали за наводнување…

307

Денеска го потпишавме договорот со фирмата изведувач  „ДПТУ Стоименов“  од  Кочани и Директорот на Центарот за развој на Источен планскиот регион за започнување на реализација на проект Изградба на помошни канали за наводнување и каскади во висина од 9 500 000 денари:

-Виничка вада во должина од 1450 метри

-Морошка вада во должина од 850 метри

-Изградба на три каскади на река Зрновка.

Со реализација на овој важен проект проблемите на земјоделците за наводнување со доволна количина и динамика на земјоделските површини ќе станат минато.

Продолжуваме одговорно и посветено за доброто на сите граѓани на општина Зрновци!, објави градоначалникот на општина Зрновци Борчо Коцев.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio