Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
За реализација на проектот “Изградба на пристап пат до земјоделски површини во атарот на м.в. Убаво поле”, распишан е повикот од страна на Општина Зрновци за избор на фирма изведувач.
За оваа намена направена е финансиска конструкција со вклучен ддв од приближно 2 000 000 денари , од кои 1 000 000 се обезбедени од АФПЗРР и приближно 1 000 000 денари средства од сопствен буџет на Општината.
Проектот ќе започне да се реализира веднаш по завршување на постапката, односно почетокот на месец март.
Со реализација на овој важен проект проблемите со транспорт и пристап до земјоделските површини во овој дел na Општина Зрновци ќе станат минато.