Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во ноември 2021 година започна со работа првиот и за сега единствен кај нас, едукативен центар „Прогресив Академија“ .
Програмата за работа е наменета за менаџментот на компаниите, со цел развој на знаења, вештини и ставови за претприемништво и менаџмент.
Компанијата „Макпрогрес“ во соработка со ЕБОР од Лондон и Јапонската Влада беше главниот иницијатор за отворањето на првата сертифицирана програма од МОН, за извршни менаџери, во склоп на фондацијата „Прогресив Академија“.
Радио Кочани денеска беше во развојниот центар „Винчини“ каде всушност се спроведува оваа значајна обука, а подетални информации побаравме од Директорот на фондацијата Александра Кирилова.
Почитувани идни менаџери и претприемачи, не пропуштајте да се пријавите и бидете дел од третата генерација учесници во програмата на фондацијата „Прогресив Академија“
Пријавувањето е од април а новиот циклус предавања започнува во септември.
Радио Кочани за сите тековни и актуелни случувања благовремено ќе ве информира.