Радио Кочани
Кочани

Редовна 12 – та седница на Советот на Општина Зрновци

185

Годината ја започнуваме со одлична динамика и посветеност во реализирање на проекти во општина Зрновци.
Веќе во првата недела од месец Февруари започнуваме со реализација на планираните градежни активности.
На денешната редовна деветнаесетта седница на Советот на општина Зрновци, а прва по ред во 2023 година донесовме клучни одлуки меѓу кои и за реализирање на капитални проекти во деновите што следат:
✅ Одлука за дообезбедување на сретства за реализација на проект ” Канализирање на Виничка и Морошка вада со изградба на три каскади на река Зрновка” финансиска конструкција 9,5 милиони денари.
✅Одлука за Кофинансирање на проект “Уредување тампонирање и валирање на пристапен пат до земјоделски површини во м.в. Убаво поле К.О. Зрновци во должина од 750 метри” со финансиска конструкција од 1,7 милиона денари без ддв, од кои 1 милион денари обезбедени со Решение од АФПЗРР.
✅ Одлука за партерно уредување на 500 квадрати со поставување на урбана опрема и изградба на видиковец во близина на фабриката за вода.
✅ Одлука за план за парцелација на делови од урбан блок 4 и урбан блок 12, со која веќе се привршува постапката за добивање на 23 градежни парцели за индивидуално домување.
✅Одлука за еднократен паричен надоместок за секое новороденче во 2023 година во висина од 5 000 денари.
✅ Одлука за започнување на судска постапка за остварување правото на сретства по основ на концесиски надоместок за користење на вода за производство на електрична енергија од страна на правните лица сопственици на хидроелектраните изградени на река Зрновка.

Текстот е преземен од фб статус на градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio