Радио Кочани
Кочани

Со голема тага, Радио Кочани ве известува дека утрово на 50 годишна возраст ненадејно почина адвокат Сашко Костов- поранешен пратеник во собранието на РМ од Кочани

9,138

Без било какви предходни компликации, му се слошило додека бил на судско рочиште во Основниот суд во Кочани, од каде во критична состојба бил однесен во Општа болница Кочани.

Таму е констатиран срцев удар.

Сашко Костов е магистер по правни науки, а по завршувањето на пратеничкиот мандат, работеше како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија.

Беше татко на три малолетни дечиња.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе