Радио Кочани
Кочани

Апасиев : Секој ден со СДСМ е загуба за Македонија…

478

Секој ден поминат со СДСМ е загуба – неповратна за македонското национално ткиво , смета Димитар Апасиев,лидер на Левица,која синоќа отвориканцеларија во Кочани, во приземјето од Гратскиот Трговски центар. Апасиев не очекува предвремени парламентарни избори, со оглед на како што рече „односот на силите во Собранието“.

Левица смета дека на евентуални предвремени или на на редовните избори ќе има пратеник од Кочани. На отворањето на канцеларијата освен претседателот на партијата, Димитар Апасиев, присутен беше и пратеникот од ИЕ бр.3, Борислав Крмов, како и повеќе членови и симпатизери на партијата. Интересно е што меѓу „иконографијата“ во канцеларијата на Левица во Трговски во Кочани е и знамето од Вергина, кое, инаку, е „забранетото“ според Договорот од Преспа. Заинтересираните ќе може лично да ги споделат своите проблеми, забелешки и сугестии со членовите на Левица во канцеларијата секоја среда од 17 до 19 часот.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio