Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
За десет месеци од 2022 година службите на Општина Зрновци расчистиле повеќе диви депонии и реализирале повеќе еколошки акции.
Викендов во рамките на Проектот за воспоставување на систем за управување со отпад во Источниот плански регион, преку ИПА 2 програмата, Општината започна со целосно расчистување, дислокација и затварање на локалната депонија покрај коритото на река Зрновка .
По целосно уредување, овој простор ќе биде пошумен со долгогодишни и брзорастечки садници, информираат од Општина Зрновци .