Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани со поддршка на УСАИД ќе добие физибилити студија за воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба и стопанисување со фотонапонски електроцентрали

238

Општина Кочани со поддршка на УСАИД ќе добие физибилити студија за воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба и стопанисување со фотонапонски електроцентрали.
Студијата ќе ја работи експертски тим во рамки на два проекти финансираани од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Станува збор за регионалниот проект Поврзани за развој (Connect for Growth – C4G) и проектот за зајакнување на мобилизацијата на ресурси (Strengthening Resource Mobilization Activity – SRMA).

Поддршката ќе вклучи консултантската помош во изработка на физибилити студија за оправданост за воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба и стопанисување со фотонапонски електроцентрали на градежно земјиште и на јавните објекти.

Доколку резултатите од студијата укажат дека јавно-приватно-партнерство е соодветен механизам за постигнување на целите, консултантскиот тим ќе ја продолжи поддршката во изработка на тендерската документација и модел договорот, како и во текот на целиот процес на спроведување на постапката за доделување на јавно-приватно партнерство – од објавување на огласот до склучување на договорот.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio