Радио Кочани
Кочани

Пет години од влезот на ЦАМЛ во САСА – 52 милиони долари веќе инвестирани во одржлив развој и дополнителни вложувања планирани за наредните години

878

Рудникот САСА ја одбележа 5-годишнината од приклучувањето кон Централ Азија Металс (ЦАМЛ) – специјализирана рударска компанија со седиште во Лондон, Велика Британија.Најголемиот македонски рудник за олово и цинк го посетија британскиот амбасадор Метју Лосон, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски. За време на посетата тие се запознаа со досегашните вложувања во САСА и нивниот ефект и значење за пошироката заедница, како и со реализацијата на новиот капитален проект, вреден над 25 милиони долари, што треба да овозможи натамошен одржлив развој на САСА.

„Одбележувањето на овој јубилеј е многу значајно за сите нас. Станувајќи дел од Централ Азија Металсгрупацијата,во САСА започна нов период на севкупна модернизација на производството и развој од што придобивки имаат сите, вклучувајќи ги вработените, локалната економија и заедницата. Поддршката што во континуитет ја добиваме од ЦАМЛ, како и соработката со институциите на локално и национално ниво и останатите партнери, се гаранција дека ќе ги реализираме новите капитални инвестиции кои ќе овозможат безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на САСА во годините што следуваат. На тој начин САСА ќе може да продолжи по патот на успехот и одржливиот развој, обезбедувајќи благосостојба за своите вработени, поддржувајќи ја локалната заедница и придонесувајќи за целокупниот просперитет на земјата“, изјави генералниот директор на САСА, Крис Колбурн.

Во изминатите пет години ЦАМЛ инвестираше 52 милиони долари во сите значајни сегменти за развојот на САСА. Голем дел од овие средства се вложени во набавка на нова современа рударска опрема и технологија за производство, во дигитализација на одредени работни процеси, во системот на безбедност и заштита при работа, како и во натамошно унапредување на стандардите и условите за работа и на професионалниот развој и благосостојбата на вработените. Дополнително, во овој период вложени се и над 1,7 милиони долари во реализацијата на различни одржливи активности и проекти наменети за поддршка на локалната заедница.

„Со задоволство ја посетив една од водечките британски инвестиции во Северна Македонија во рудникот САСА,која се развива во партнерство со локалната заедница и обезбедува квалификувани работни места во Македонска Каменица. Инвестициите на Обединетото Кралство во Северна Македонија стануваат сѐ посилни и посилни“, рече британскиот амбасадор,Метју Лосон.

Кон честитките за 5-годишниот јубилеј се приклучи и претседателот на најголемата бизнис асоцијација во земјата кој нагласи дека токму инвестициите во модернизација на рудниците ќе придонесат за продолжување на долгата традиција на македонското рударство.

„Соочени со глобални здравствени, енергетски и ценовни кризи чии последици никој со сигурност не може да ги предвиди, инвестициите во одржлив развој се најдобриот начин како да се трасира патот кон подобра иднина. Покрај модернизацијата на производството, тие овозможуваат и зголемена безбедност и унапредување на условите за работа во рударството, поефикасна заштита на животната средина, уште поголема благосостојба на вработените и на нивните семејства и секако дополнителни придобивки за целокупниот економски развој на земјата, што е нашата заедничка цел“, истакна претседателот на Стопанската Комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

За градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски, рудникот САСА, како најголем стопански капацитет во општината, има големо значење за локалниот економски развој и обезбедува социјална сигурност за голем број семејства, што е особено важно во актуелните кризни времиња. „Затоа одговорните компании и инвеститори како што се САСА и ЦАМЛ и понатаму ќе ја имаат поддршката од нашата локална самоуправа во реализација на нивните развојни проекти кои носат долгорочни придобивки за целата наша заедница и пошироко“, нагласи градоначалникот на Македонска Каменица.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio