Радио Кочани
Кочани

Виница – Со 9 милиони денари ќе се реконструираат и асфалтираат повеќе улици во општината

371

Општина Виница склучи Договор за реконструкција на улицата „Ангел Винички“, за асфалтирање на дел од улицата „Кирил и Методиј“ и за крпење на ударни дупки во градот и населените места.
Истоа така, со овој договор е предвидено и асфалтирање на 2 улици во селото Градец, како и асфалтирање и реконструкција на 2 улици во Блатец.
Вредност на овој договор изнесува 9.000.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Виница.
Покрај ова, општинските служби изработија проектно техничка документација за изградба и реконструкција на улиците„Страшо Пинџур“, „Славчо Стојменски“ и за 4 улици во селата Градец и Блатец.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio