Локалниот младински Совет на Општина Кочани во соработка со Здужението на граѓани „Маладите можат“ денеска реализираа тричасовна работилница за кариерно советување за учениците – матуранти од СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“.
На работилницата матурантите преку практични примери и вежби добија насоки за правилен избор на својата професија и кариерно унапредување.
Работилницата ја спроведоа интернационално сертифициран GCDF Кариерен советник Славица Тасева од Асоцијација на Советници за Кариера (АСК) и помошник тренер Никица Манџуковски.
Сесијата е дел од годишната програма за работа нa Локалниот младински Совет на Општина Кочани
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе