Радио Кочани
Кочани

Исчистена депонијата во с. Блатец, Виница

584

Депонијата во селото Блатец е исчистена од страна на надлежните , а и во сериозен прогрес е и постапката за чистење на депонијата во село Истибања.

Чистењето на овие депонии следува по третманот на депонијата во село Лески и на неколку други локации низа населените места во општината.

Ваквата посветеност за реализација на овие активности од страна на градоначалникот е сериозен мотив за граѓаните де се придружат на оваа кампања за справување со загадувањето и соодветен третман на отпадот од домаќинствата.

-Депонијата во с.Блатец е исчистена, 3000м3 кубни отпад  отстранет, просторот порамнет и подготвен за  негово озеленување.

-Моментално се работи и на отстранување на отпадот кај дивата депонија во с.Истибања.

-изјави градоначалникот на Виница Миле Петков.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio