Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Општина Зрновци започна со изградба на улица околу храм “Свети Климент Охридски” во село Видовиште во должина од 130 метри и ширина од 3,5 метри. Истовремено се гради и паркинг простор на истата улица.
Од општината информираат дека паралелно со наведените активности, продолжуваат со
реконструкција, проширување и асвалтирање на улица од м.в. Магила до м.в. Солена чешма во должина од 450 метри и ширина од 4,3 метри, како и со
изградба и асвалтирање на улица во село Мородвис во должина од 100 метри и ширина 2 метри.