Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Претседателот на Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“, Гоце Исајлов, потпиша Меморандум за соработка и взаемна подршка со градоначалникот на Општина Зрновци, БорчоКоцев.
„Како Локална самоуправа на Општина Зрновци секогаш ќе ги подржуваме и ќе соработуваме со Здруженијата кои покажуват високо ниво на опшествена одговорност и посветеност кон градење на добри меѓучовечки односи во секојдневието“, вели градоначалникот Коцев, во објава на својот фб профил.
„Воедно апелирам до сите жители на Општина Зрновци кои се заинтересирани и спремни да пристапат како членови на ДПСС-Осогово,тоа да го сторат, нагласува градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.