Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во текот на наредните 10 дена ќе биде објавен повикот за новата социјална станбена зграда за Општина Виница, која е изградена и финално завршена со технички прием, а веднаш потоа ќе ја објавиме и социјалната зграда во Свети Николе. Во нашата програма имаме обезбедено и средства и проект за да се распише постапка и да се влезе во реализација на уште една социјална станбена зграда во Општина Штип, информира денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој објасни дека завршува и постапката во однос на социјалните станбени згради во Пробиштип.
Прашан во однос на соработката со штипскиот градоначалник, но и останатите од Источниот регион, Бочварски потенцира дека е отворен за соработка со сите градоначалници и оти дава поддршка на сите општини каде има интерес, идеи и проекти.
– Апелирам и ги повикувам градоначалниците да бидат активни, да носат квалитетни проекти кои ги имаат сите изработени фази со цел да ги аплицираат во Мининистерството за транспорт и врски и ние сме отворени и даваме поддршка. Се што е надлежност на општините, а каде може да помогнеме тука сме . Тоа кое нам како државна патна инфраструктура ни е доделено согласно законите, ние веќе го правиме без притоа да бараме поддршка од градоначалниците, бидејќи сметаме дека ова е потребно да го направиме и санираме за граѓаните – изјави Бочварски.
Во програмата за локални патишта, како што додаде, досега имаат реализирано и во фаза на реализација се преку 23 милиони евра кои директно ги вбризгале во општините, во локалните средини и во патишта кои се под општинска ингеренција.