Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денеска градоначалникот на општина Зрновци Борчо Коцев го потпиша договорот со фирма изведувач за асфалтирање на нови 700 метри улици и 100 квадрати паркинг простор во вредност од 2 930 000 денари.
Изградба и асвалтирање на две нови и реконструкција и проширување на една улица ќе добијат жителите на селата Видовиште и Мородвис.
Со градежните активности ќе се започне уште од наредната недела.
Радио Кочани како и секогаш ќе ги следи активностите и навремено ќе информира.