Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Се појавува ли светло на крајот од тунелот , за граѓаните кои оваа зима се греат на пелети.
Со ограничувањето на увозот и извозот, домашните производители на пелети во континиутет ги зголемуваа цените уште од пролетта и летово, кога од почетните околу 200 денари
ги искачија на повеќе од двојно, за некаде да достигнат и 500 денари за вреќичка од 15 килограми.
Порталите од земјава почнаа да споделуваат на FACEBOOK дека во еден познат скопски продажен салон пелетите од класа А1 се продаваат по цена од само 282 денари.за вреќа од 15 кг.
Се уверивме и ние дека тоа е така и дека се очекува увоз на нови количини.
Дали и колку сегашните дрско – високи цени ќе претрпат извесно нормализирање и достапност за корисниците на печки со пелети останува да видиме ?
Имаме информации дека голем дел од овие корисниците поради високите цени се префрлуваат на други енергенси.