Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
„Вера, надеж, љубов“ е насловот на втората самостојна изложба на Нада Ѕмбова Донева што ќе се одржи на 30 септември, петок, во ЦК „Бели мугри“ во Кочани.
Ликовната изложба на Ѕмбова Донева ќе биде поставена во фоајето 2, на спратотот во кочанската Национална установа, а отворањето е закажано за 19,30 часот.
Нада Ѕмбова Донева првата самостојна ликовна изложба ја имаше во 2019 година во салонот на ЦК „Бели Мугри“ во Кочани, а учествувала и во неколку групни изложби во Кочани, Штип и Виница.
Инаку, Нада Ѕмбова Донева е дипломиран биолог, вработена како предметен наставник во основно училиште во Кочани.