Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На 16.09.2022 во 16.10 часот на ул.„Маршал Тито“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода А.С.(22) од Виница.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, ризла, вага и други предмети со остатоци од марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.