Радио Кочани
Кочани

Оризопроизводителите од кочанско ги повторија барањата пред заменик министерот за земјоделство

85
Состанокот на заменик министерот за земјоделство Трајан Димковски со оризопроизводителите кои деновиве со блокада на патот Кочани – Штип протестираа поради ниската отукпна цена, заврши со заклучок да се видат можности за утврдување на нова произвдоствена цена и за забрзување на исплатата на субвенциите. Од оризопроизводителите Димковски слушна бројни поплаки како во однос на откупувачите, така и за односот на државата кон нив.
„Денешниот состанок го завршивме со три заклучоци, односно да се формира откупна цена за овогодишната реколта за што, со поддршка од Институтот за ориз во Кочани, ќе се утврди трошковник, односно производната цена. Вториот заклучок е да се видат можностите за што побрзо исплаќање на субвенцијата од три денари за килограм предадена арпа, за што пријавувањето во Платежната агенција беше до 31 август. Исто така, заклучивме дека е потребно да се оствари средба со откупно-преработувачките претпријатија во кочанскиот регион, да гo слушнеме нивниот став, какви се движењето и очекувањата на пазарот. Сакаме да направиме медијаторство меѓу земјоделците и откупувачите за да се стигне до една прифатлива и одржлива откупна цена, што ќе даде можност производството на ориз да остане заштитен белег на овој крај, а одредени мерки што ние би ги дале ќе ги договараме со оризопроизводителтие“, истакна заменик министерот Димковски.
Може ќе ви се допадне
Напиши коментар

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio