Радио Кочани
Кочани

Новиот затворен градски пазар во Виница официјално започна со работа

568

Новиот затворен градски пазар во Виница денеска официјално е ставен во функција и им стои на располагање на граѓаните, земјоделските производители и трговците.

Објектот овозможува современи и функционални услови, поголема хигиена, безбедност и комфор, како за закупувачите така и за граѓаните.

-Новиот затворен пазар претставува значајна инвестиција за нашата општина и уште едно исполнето ветување во насока на подобрување на условите за работа на продавачите и создавање поквалитетна и поуредена средина за сите посетители, изјави за нашево радио, виничкиот градоначалник, Митко Костадиновски, денеска при посетата на објектот.

-Им посакувам успешна работа на сите закупувачи и  многу задоволни посетители, додаде Костадиновски.

За него, новиот затворен пазар веќе е гордост на Виница и место кое ќе придонесе за понатамошен развој на  Општината.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio