Радио Кочани
Кочани

Музеј „Теракота“ – Виница одбележува 20 години постоење со богата дводневна програма

148

Денеска и утре, Виница е  домаќин на свеченостите по повод 20-годишниот јубилеј на Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“.

По тој повод е подготвена богата програма која вклучува научна конференција, културно-уметнички настани, изложба и чествување на значајни личности од македонската култура и наука.

Прославата започна утринава во 10 часот, со научна конференција на темата „Музеите – трезори на културната меморија – предизвици и перспективи за развој“, која во моментов се одржува во салата за состаноци на „Прогресив академија“ во Виница.

Во вечерните часови, од 20 до 24 часот во „Александар Парк“, ќе се одржи свеченост со музичка програма и забава.

Настап ќе имаат учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани, а ќе бидат доделени и признанија на поединци заслужни за основањето и развојот на музејот.

Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат изложбата „Виничко Кале“, по што ќе следуваат коктел и дружење.

Јубилејната програма продолжува и утре, среда, 3 јуни, кога во Сината сала на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, со почеток во 12 часот, ќе се одржи чествување на ликот и делото на д-р Коста Балабанов, еден од најзначајните македонски археолози и историчари на уметноста.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio