Радио Кочани
Кочани

„Малите ѕвезди“ блеснаа на сцената – 203 дечиња од „Павлина Велјанова“ – Незаборавните денови во градинката крунисани со песна, игра и детски насмевки

1,313

Под мотото „Малите ѕвезди, големи соништа“, дечињата од големите групи од сите клонови на Детската градинка „Павлина Велјанова“ ја одржаа својата завршна приредба.

На сцената во Центар за култура „Бели мугри“ настапија 203 дечиња, кои преку песна, игра и насмевки на свој начин се збогуваа со еден од најубавите периоди од детството. Голема поддршка од публиката им дадоа нивните родители, роднини и најблиски, кои со гордост ги следеа настапите на идните првачиња.

Од есен, овие мини матуранти ќе седнат во училишните клупи и ќе го започнат своето основно образование.

Директорката Ефтимова им посака многу успех во понатамошното школување, нагласувајќи дека со труд, упорност и знаење ќе израснат во успешни и одговорни граѓани на Македонија.

Со многу аплаузи, емоции и детски насмевки заврши вечерта посветена на најмалите ѕвезди.

За нив ова е крај на едно безгрижно поглавје, но и почеток на ново патување исполнето со знаење, другарства и нови соништа.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio