Радио Кочани
Кочани

Во МКЦ промовирани три сликовници на Денис Јанкуловски

64

Во Мултикултурниот центар во Кочани синоќа во организација на Библиотеката „Искра“ промовирани се три сликовнци од авторот Денис Јанкуловски :  „Другарко“, „Другарка“ и „Големиот сон“.

Станува збор за изданија на „Прозарт“ од Скопје, во кои во центаротна случувањата се Космонаутко и приказните за другарството.

-Поминавме незаборавен ден во Кочани. Таква убава енергија, голема голема посетеност, играње, пеење, читање, толку многу радосни, насмеани и среќни деца. Е тоа за мене е повеќе од Нобелова,  порача авторот  Јанкуловски после завршувањетона настанот, на кој учествуваа ученици од кочанските основни училишта „Никола Карев“, „Св. Кирил и Методиј“  „Малина Попиванова“.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio