Радио Кочани
Кочани

Манастир „Добра вода“ – Оризари: Утре Света Литургија и црковно народен собир по повод Источен петок Балаклија

1,433

Со Утрена и Света Архиерејска Литургија и со голем собир и годинава се планира да биде одбележан празникот Источен петок Балаклија на манастирот „Добра вода“ во Оризари.

Највено е присуство на Митрополитот Брегалнички Иларион.

Исто така и денеска 16 април, четврток со почеток во 17 часот ќе се одржи Вечерна Богослужба.

Првиот петок по Велигден секоја година во овој манастир се собираат голем број верници и се организира голем црковен собир.

Со манастирски ручек ќе биде одбележан и овој празник посветен на Мајката Божја.

Домаќините на манастирот ги прават последните подготовки околу славата.

Инаку, освен на овој ден, на манастирот Добра вода кај Оризари слава има и на втор ден Божиќ кога и на тој ден се собираат голем број верници.

Црковниот одбор информираше и за тековните активности кои се реализираат.

Последниот период интезивно се работеше во Манастирскиот комплекс и се реализираа голем дел од проектите. Се доканализира долот со поставување на бетонските прстени и се пристапи на интензивно полнење,рамнење и проширување на манастирскиот двор.
Се постави надворешната и внатрешната водоводна и канализационата мрежа во новата кујна.
Се постави електичната инсталација,се измачка со малтер и се вароса внатрешниот дел од новата кујна.
Се донесоа и се поставија нови клупи за седење.
Продуктивен месец со голем ентузијам,позитивна енергија и многу работа од страна на сите учесници.
Огромна благодарност до сите учесници, помагатели и донатори.
Со Господ Бог напред се движеме кон конечното оформување на Манастирскиот комплекс

Со празникот посветен на Пресвета Богородица и се оддава признание на Мајката Божја, по што манастирот го носи нејзиното име.

Се верува дека водата во овој манастир е лековита.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio