Радио Кочани
Кочани

Советот на Кочани донесе одлука: Бесплатен престој во градинка за деца од погодените семејства во трагедијата во „Пулс“

972

Советот на Општина Кочани на денешната редовна 13 седница, едногласно ја усвои одлуката за целосно ослободување од партиципација за престој во Детска градинка „Павлина Велјанова“ за децата чии родители биле повредени или го загубиле животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи минатата година.

Донесената одлука има за цел да им олесни на семејствата кои се соочуваат со последиците од трагичниот настан.

Станува збор за мерка, која нема временско ограничување и ќе важи во подолг период.

Според информациите од директорката Јованка Ефтимова, во моментот се опфатени шест деца – дел од нив од семејства на повредени, а дел од семејства кои изгубиле родител.

Ова не е краткорочно решение, туку поддршка што ќе важи и во иднина. Нашата цел е да им помогнеме на овие деца и нивните семејства да имаат полесен пристап до грижа и образование, изјави директорката на градинката, Јованка Ефтимова.

Трошоците за престој ќе се покриваат од сопствени средства на  установата, односно преку активности со кои градинката обезбедува дополнителни приходи.

За реализацијата ќе бидат задолжени стручните служби и сметководството.

За да го користат правото, старателите ќе треба да достават барање со соодветни докази за статусот, по што ќе следува вклучување во мерката.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio