Радио Кочани
Кочани

Започна Страдалната недела

146

Денеска, 6-ти април, понеделник, започнува Страдалната недела, период од особено значење за православните верници во пресрет на големиот христијански празник Велигден.

Во текот на неделата, во храмовите се одржуваат богослужби посветени на последните денови од животот на Исус Христос, со особено внимание на Велики Петок.

На овој ден, во црквите се извршуваат традиционални обреди, при што верниците се поклонуваат пред Христовиот гроб, симболично оддавајќи почит и сочувство.

Најзначајните чествувања се во сабота во доцните вечерни часови, односно на полноќ, кога во Кочани се очекува во храмот да биде донесен Благодатниот оган од Ерусалим.

Во истиот момент, свештенството го објавува Христовото Воскресение, по што следува и велигденската богослужба.

Овој свет чин секоја година привлекува голем број верници, кои присуствуваат на богослужбата и го пренесуваат огнот во своите домови како симбол на светлина, вера и надеж.

Во пресрет на празникот, ќе има и продолжен викенд – Велики Петок и понеделник втор ден Велигден се неработни денови.

Воедно, продолжува и традицијата на бојадисување јајца, како симбол на нов живот и воскресение, а верниците се подготвуваат за најголемиот христијански празник.

Годинава, Велигден се празнува в недела, 12-ти април.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio