Радио Кочани
Кочани

Кривична за двајца кочанчани, фатени при купо-продажба на дрога

1,285

Млад кочанец фатен како продава дрога на свој сограѓанин. Кривично ќе се гонат и двајцата.

– ОВР Кочани поднесе кривична пријава Х.Н.(24) и С.А.(23), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.04.2025, полициски службеници го затекнале првопријавениот како пред својот дом продал марихуана на второпријавениот, по што биле извршени прегледи кај нив и претреси во нивните домови и била  пронајдена и одземена марихуана, соопштија од полицијата.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio