Радио Кочани
Кочани

Чувар и двајца соселани вдишале чад гаснејќи пожар кај Прочистителната станица – Укажана им е лекарска помош….

525

На 12.03.2026 во 21:05 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на с.Мојанци, кочанско, настанал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП „Водовод“ од Кочани.

Од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Лицето В.И. (56) од с.Мојанци кој го пријавил пожарот, додека бил на своето работно место како чувар и при обид да го изгаси пожарот со ПП апарат со помош на двајца соселани, тројцата вдишале чад, при што од Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош.

За настанот биле известени јавен обвинител  и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување Кочани.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio