Радио Кочани
Кочани

Почина Горан Крстев – Грга, поранешен градоначалник на Општина Чешиново-Облешево

15,427

Почина поранешниот градоначалник на Општина Чешиново‑Облешево, Горанчо Крстев – Грга.

Крстев беше на чело на општината во периодот од 2017 до 2021 година, оставајќи белег во локалната самоуправа и политичкиот живот во регионот. Во јавноста беше препознатлив по својата директност и ангажираност во општинските прашања. Според информациите, тој починал во Турција, каде што престојувал во последниот период.

Веста за неговата смрт предизвика реакции и сочувство кај граѓаните, пријателите и политичките соработници. Горанчо Крстев ќе остане запаметен како човек кој беше дел од локалниот политички живот и кој во еден четиригодишен мандат ја водеше општината низ бројни предизвици.

 

Нека почива во Мир 🕊️ Сочувство до семејството

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio