Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Koчанчанец вработен во казино од благајната си земал 332.330 денари
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Според пријавата, на 01.07.2025 година, пријавениот како вработен во подружница на казино во Кочани, од благајната одзел и присвоил 332.330 денари.
По документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава. објави Скопје1.мк
