Радио Кочани
Кочани

За две недели се очекува да се постави камен темелникот на Домот за стари лица во Кочани

442

Во следните две недели се очекува да се постави камен темелникот за изградба на новиот државен Дом за стари лица во Кочани, најави денеска од Штип заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Тој истакна дека по завршување на постапката за избор на градежна фирма, сега е периодот кога треба да се даде налог за почеток на градежните активности.

Инаку, планирано е новиот Дом за стари лица да се изгради во просторот на поранешната касарна во Кочани, на површина од околу 4.000 квадратни метри.

Објектот ќе располага со капацитет од приближно 150 легла, ќе биде организиран на три нивоа и ќе вклучува содржини за медицинска грижа, рекреација и социјален живот на корисниците, со користење на геотермалните води како дополнителна предност.

Финансиските средства се обезбедени преку унгарскиот кредит, а домот ќе биде во државна сопственост, со што се очекува услугите да бидат подостапни за граѓаните, во споредба со приватните установи.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio