Радио Кочани
Кочани

Донирани производи за повредени во пожарот

619

Во знак на почит и солидарност со повредените од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и претставници на компанијата „Лекер – Везешари“ од Тетово, доделија пакети со производи како поддршка за настраданите.

Претставниците на компанијата истакнаа дека оваа донација е израз на човечка грижа и солидарност.

Производите што ги доделуваме се само симболичен гест со порака дека постојано мислиме на нив. Веруваме дека заедништвото и поддршката се најпотребни во вакви моменти – изјавија од „Лекер – Везешари“. 

Градоначалникот Владко Грозданов упати благодарност до општествено одговорната компанија и нагласи дека Општина Кочани останува посветена на континуирана поддршка на повредените и нивните семејства.

Во овие тешки моменти најважно е да покажеме дека никој не е сам. Општина Кочани ќе продолжи со сите расположливи ресурси да им помага на повредените и на нивните семејства. Поддршката нема да изостане ниту сега, ниту во периодот што следува – истакна Грозданов. 

Општина Кочани и во наредниот период ќе продолжи да координира активности и иницијативи насочени кон помош и олеснување на последиците од несреќата.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio