Радио Кочани
Кочани

Кочани ги избра најдобрите спортисти за 2025 година – доделени признанија и оддадена почит на трагично загинатите во „Пулс“

444

Вечерва во големата сала на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа традиционалната манифестација „Избор на спортист на годината за 2025“.

За спортист на годината беше прогласен Даријан Павлев од БК „Спартак“.

Второто место му припадна на Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“, а третото место го освои каратистката Наталија Карова од Карате клубот „Кочани“.

Признанијата на најдобрите им ги врачи градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов.

За најдобра екипа беше избрана ЖФК „Кочани“, додека признанието за најдобар тренер му беше доделено на Игор Каров од Карате клубот „Кочани“.

За најдобар спортски работник за 2025 година беше прогласен Оливер Јовановски.

Во категоријата млади надежни спортисти, плаќети добија сите предложени учесници

Во рамки на манифестацијата беше доделена и специјална постхумна награда за четворица млади сограѓани кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ – фудбалерот Андреј Лазаров од Оризари, кошаркарот Петар Ивановски, како и навивачите од групата „Сејмени“, Александар Стојанов и Томас Златков. Во нивна чест, присутните оддадоа почит, а емотивно обраќање имаше мајката на Томас, Јулијана Златкова.

Средствата предвидени за коктелот, ОФС – Кочани ги донираше на Здружението „16 март 2025 – Кочани“, наменети за изградба на спомен-обележјето што треба да биде поставено во Стариот парк.

Во рамки на забавнат програма настапија ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“, како и фолклористите од „Љупчо Сантов“ од Оризари.

Организатор на настанот беше ОФС – Кочани, а покровител Локалната самоуправа на  Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio