Радио Кочани
Кочани

Членовите на ДПД – Кочани го пречекаа новото возило за гасње шумски пожари

171

На свечен начин, дел од членовите на Доброволното противпожарно друштво – Кочани вечерва го пречекаа новото противпожарно возило марка „Мерцедес“, кое пристигна како донација од Германија.

Станува збор за современо навално возило со високи перформанси и погон на сите четири тркала, наменето за брза и ефикасна интервенција во различни услови на терен.

Со оваа донација, значително се зајакнува оперативната подготвеност на друштвото.

Екипа на Радио Кочани беше на лице место и во продолжение ви пренесува дел од атмосферата, како и изјава од претседателот на ДПД – Кочани, Златко Илијев.

ДПД – Кочани веќе важи за доброволно противпожарно друштво со најголем возен парк во државата, што претставува редок пример за континуирана и посветена работа.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio